петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home Економија

НОВИ ЦЕНИ: Од полноќ поскап бензин

НОВИ ЦЕНИ: Од полноќ поскап бензин

Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на бензинот и дизелот.

Бензинот поскапува половина денар, а дизелот се намалува за истиот износ.

Еуросупер БС 95 е сега 69 денари, додека Еуросупер БС 98- 71 денари за литар, а од друга страна дизелот се продава за 61 денари по литар.

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.