недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Економија

Нови цени на горивата од утре

Нови цени на горивата од утре

Регулаторната комисија за енергетика треба утре напладне да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Цената на дизелот останува 61,50 ден.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на предминатата недела.

Останува утре да видиме дали не очекува намалување на цените на горивата.