четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 126
home Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.