понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Економија

НОВА ТУРА ОГЛАСИ: Нема криза за партиски вработувања, иако Заев ветуваше намалување на администрацијата

НОВА ТУРА ОГЛАСИ: Нема криза за партиски вработувања, иако Заев ветуваше намалување на администрацијата

Министерствата за финансии, за труд и социјална политика, како и тоа за економија изминатат недела објавија огласи за десетици нови вработување. Додека се бара решение за огромната превработеност во државната администрација, а се најавува и префрлување на вработени во приватниот сектор, или нивно задолжително пензионирање, новите вработувања не запираат, пишува Фактор.мк

Во услови на криза, неизвесност и нови преиспитувања, постојано се појавува „недостиг“ на вработени во некои државни институции.

Министерството за труд и социјална политика во петокот објави оглас за вработување на 10 позиции, од кои шест се за советници – за јавни набавки, за веб-администрирање, за меѓународни прописи и за нормативни работи, за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и за брак и семејство, а платата е 26.540 денари. За останатите четири места платите се помали а станува збор за благајник, референт, архивар и помлад соработник за административно-техничка поддршка.

На 2 декември Министесртвото за финансии објавило оглас за 17 позиции за соработници во Управата за имотно-правни работи, под чија надлежност се експропријациите и денационализациите. Станува збор за службеници во подрачните единици во Чаир, Велес, Куманово, Крушево, Центар, Карпош и Охрид. Се бараат и раководители и помошник-раководител на секторски одделенија за даноци и царина, четворица во секторите поврзани со ИПА-фондовите и еден кандидат за помошник во министерскиот кабинет. Платите се движат од 32.800 најголемата до 14.500 најмалите.

целиот текст прочитајте го на Фактор

Коронавирус