петок, 20. септември 2019. Вести денес: 114
home Економија

Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Денеска ќе биде соопштена новата цена на горивата, па останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин безнин и дизел.

Инаку, претходниот понеделник, дизелот поскапе за половина денар, а бензините останаа со непроменета цена.

ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,162 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 35,343 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.