вторник, 18. јуни 2019. Вести денес: 10
home Економија

Нова цена на бензинот и дизелот во Македонија

Нова цена на бензинот и дизелот во Македонија

Напладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на бензините, стандардно, две недели по последната одлука.

Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија, па така малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Останува да видиме дали и понатаму ќе продолжи трендот на зголемување на цените на горивата.