понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Економија

НОВА ЦЕНА: Еве колку ќе чинат горивата од полноќ

НОВА ЦЕНА: Еве колку ќе чинат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник, цените на бензините Супер – 95 и Супер – 98 остануваат непроменети, односно ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари, а промена има во цената на дизелот, кој поскапува за половина денар и во следниве седум дена ќе се продава по цена од 60,50 денари.

Ценовникот ќе остане во сила до следниот понеделник.