сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

Ниту едно јавно претпријатие нема позитивен извештај за своето финансиско работење

Ниту едно јавно претпријатие нема позитивен извештај за своето финансиско работење

Ниту едно јавно претпријатие во Македонија не го поминал ревизорскиот извештај од Државниот завод, кој меѓудругото покажува колку ефикасно и домаќински се трошат парите кои им се на располагање, анализира Сител.

Анализата на ревизорските извештаи, извршена од Институтот за демократија, покажува дека јавните претпријатија имаат предизвици и при почитувањето на законите.

Нецелосен и неквалитетен попис, несоодветно документирање на трговската книга, непримена на систематизација за работните места. Ова е само дел од неправилното работење на јавните претпријатија.

“Само едно од 16 анализирани јавни претпријатија има усогласени законите и регулативи, а за ниту едно претпријатие Државниот завод нема дадено позитивно мислење за нивните финансиски извештаи”.

Државниот завод за ревизија забележува дека кај некои јавни претпријатија се вршела исплата на прекувремена работа, која не била во согласност со Законот за работни односи, а дел од нив исплаќале надоместоци во поголем износ, од тој утврден со закон.

Информациите се содржани во ревизорските извештаи за сите јавни претпријатија – вкупно 16 во изминатите пет години.