вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Економија

Нина Ангеловска признава дека сивата економија пораснала за 50%

Нина Ангеловска признава дека сивата економија пораснала за 50%

Коментирајќи ја одлуката за поништување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок, Министерката за финснансии Нина Ангеловска посочи дека сивата економија во државата е 38% од целата економија, согласно меѓународни извори.

Велите дали не требаше да останеме на ставот. Да останеме на ставот, па после 2 години да речеме можеби се зголемила сивата економија, која што патем сега според ММФ е околу 38%- рече министерката Ангеловска.

Ова е крајно загрижувачки, ако се има предвид дека само пред една година согласно проценките на Светската Банка ОЕЦД 25% од економските активности се одвивале во зоната на сивата економија.

За една година според реномираните меѓународни финансиски институции сивата економија е порасната за околу 50%.