сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 33
home Економија

Никој не верува дека економијата може да пркне: По Светска банка, ММФ, ЕБРД, НБРМ и ЕК со катастрофални проекции за растот на БДП

Никој не верува дека економијата може да пркне: По Светска банка, ММФ, ЕБРД, НБРМ и ЕК со катастрофални проекции за растот на БДП

Продолжуваат катастрофалните проекции за растот на македонската економија од страна на меѓународни институции. По Светска банка, ЕБРД и ММФ со лоши прогнози за растот на економијата.

Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,1 отсто, прогнозира Европската комисија во есенскиот извештај за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати.

Во делот за Македонија се наведува дека економското опоравување на земјата ќе зависи од политичката состојба и нивото на инвестиции. Понатаму, во извештајот се вели дека јавниот долг е планирано да продолжи да расте.

Пред еден месец меѓународниот монетарен фонд ја намали, односно ја преполови проекцијата за економскиот раст на земјава годинава од 3.2% на само 1.6%. Ова е убедливо најниската прогноза за раст на Македонија од некоја релевантна меѓународна финансиска институција. Според ММФ, Македонија ќе ја заврши годинава убедливо на дното на Балканот, со најнизок економски раст.

Подобри од Македонија се сите – Србија, Албанија и Косово со највисок раст од 4 отсто. Црна Гора ќе оствари раст од 3.7%, Босна и Херцеговина од 3.2%. додека Хрватска очекува економски раст од 2,8 отсто – стои во најновиот есенски извештај на ММФ „Перспективи на светската економија“.

Претходно својата проекција за економскиот раст ја намалија Светска банка како и ЕБРД.

Корекција за растот на македонската економија од 3,2 на 2,3 проценти направи и Народната банка на Република Македонија во есенската ревизија на макроекономските проекции споредено со проекциите во април.

 

 

Коронавирус