понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 5
home Економија

Незаконските кадри на СДСМ во енергетиката!

Незаконските кадри на СДСМ во енергетиката!

Во плејадата на незаконски кадри во енергетиката лидери се државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

Скоро 3 години на високи позииции во АД МЕПСО се Ева Шуклева и Симон Шутиноски.

Ева Шуклева од август 2017 па сė до јули 2019 година беше Претседател на Надзорниот одбор на АД МЕПСО, а од август 2019 е именувана за Претседател на Управниот одбор. м-р Ева Шуклева е дипломиран електротехнички инженер, која своето долгогодишно работно искуство го стекнувала во ЕВН Македонија АД Скопје. По назначувањето за генерален директор на компанијата МЕПСО, работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје ǔ е ставено во мирување.

Во слична позиција е и Директорот на Операторот на пазар на електрична енергија – МЕМО Симон Шутиноски, дипломиран електротехнички инженер, кој своето долгогодишно работно искуство исто така го стекнува во ЕВН Македонија АД Скопје. По назначувањето за член на Управниот одбор на АД МЕПСО, а потоа и за Управител на МЕМО, работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје му е ставено во мирување.

На двајцата им мируваат раководните позиции ви ЕВН Македонија АД Скопје, бидејќи уште во 2017 година беа инсталирани како кадар на СДСМ во управувачката структура на АД МЕПСО. Ако се земе во предид дека овие двајца се на чело на две значајни компании од енергетскиот сектор, а по завршувањето на функциите ќе се вратат во својата матична енергетска компанија ЕВН Македонија АД Скопје, се поставува прашањето чии интереси ќе штитат овие двајца партиски војници на СДСМ? Ова е важно да се знае бидејќи се работи за компании од енергетскиот сектор кои имаат долгогодишни спорови меѓу себе. Само за потсетување, меѓу ЕВН и МЕПСО постојат нерешени спорови за повеќе стотици милиони денари по разни основи, како и нерешени имотно-правни односи поврзани со поделбата на имотот од старото ЕСМ. Дали овие ликови ќе ја почитуваат т.н. Конкурентска клаузула – договорна забрана на конкурентското дејствување, согласно член 36, 37 и 38 од Законот за работни односи?

Сличен конфликт на интереси има и во АД ЕЛЕМ.

Се работи за Благојче Трповски, директор за производство и член на Управниот одбор на ЕЛЕМ, кој претходно работеше во ЕВН ТРЕЈД, како дел од групацијата ЕВН. И на овој кадар на СДСМ работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје му е ставено во мирување.

Се поставуваат неколку прашања поврзани со ваквите случаеви:

-Дали после завршување на мандатот овие кадри ќе ги понесат со себе најважните информации за компаниите кои ги раководат и ќе ги предадат на компанијата во која се трајно вработени од што ќе зависат понатаму сите судски пресуди?.

-Дали ваквиот трансфер на сомнителни кадри во енергетиката нема да предизвика загуби за компанијата која ќе ја напуштат по завршување на мандатот?

-Дали овие вработени ги имаат испочитувано став 1 и став 2 од член 37 од Законот за работни односи кои гласат:

(1)Ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот, да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула).

(2) Конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за вработување по негова волја или вина.

Доколку во договорите немаат склучено ваква конкурентска клаузула, тогаш некој ќе треба да се позанимава со нивното делување после истекот на мандатот во АД МЕПСО и АД ЕЛЕМ Скопје.

За да биде срамот уште поголем, енергетската компанија АД МЕПСО ја тресат уште скандали. Имено, членот на Управниот одбор Кираца Накова, Директор за правни и општи работи во АД МЕПСО, иако има навршено 67 години и понатаму останува на истата функција. Надзорниот одбор на АД МЕПСО не презел никакви чекори во врка со овој скандал. Споменатата не е ниту разрешена, ниту пак е склучен нов договор или некаков некаков анекс на постоечкиот договор, со цел да се испочитуваат Законот за работни односи, Колективниот договор на АД МЕПСО и Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Ваквото незаконско работење на компаниите кои се акционерки друштва во државна сопственост е пракса секогаш кога е СДСМ на власт.

Коронавирус