четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 99
home Економија

Неби Хоџа: Мерките на Влада се задоцнети и не се доволни, треба да се направи ребаланс на буџетот

Неби Хоџа: Мерките на Влада се задоцнети и не се доволни, треба да се направи ребаланс на буџетот

Претседателот на Северозападната стопанска комора, Неби Хоџа истакна дека мерките кои Владата ги превзема за помош на македонското стопанство за справување со економската криза, како последица на пандемијата со корона вирусот, не се доволни а тие мали пакети со мерки се задоцнети.

Тој, во вечерашната емисија “Клик Плус“ на телевизија Тв21, дека Владата многу порано требаше да превсеме посериозни мерки. Птерставникот на екомскиот сектор во емисијата итакна дека тие не бараат државата да им даде помош, туку дека тие браат да им бидат вратени парите кои што им ги должи.

– Во контекс на ситуацијата, имаме многу државни институции кои што имаат долгови кон приватните компании. Значи нека не ни дава помош, туку нека ни ги врати парите кои што ни ги должи, тоа ќе помогне многу, компаниите да ја задржат својата ликвидност, рече Хоџа.

Тој исто така додаде дека и оние фирми кои работат, работат со намалени капацитети од околу 60%, при што секое задоцнување на мерките има свои последици врз економијата.

Хоџа исто така истакна дека мора да се направи ребаланс на државниот биџет со цел да се пренаменат финасиски средства за одржување на економијата.

– Под итно треба да се направи ребаланс на државниот буџет, да се реалоцираат средства, да се повлечат непродуктивните инвестиции и тие средства да се концентрираат на одржувањето на економијата, констатираше претседателот на Северозападната стопанска комора, Неби Хоџа.

Коронавирус