петок, 25. септември 2020. Вести денес: 15
home Економија

Не чека сиромаштија

Не чека сиромаштија

Се најавува тешка есен за економијата, влошување на епидемиолошката ситуација во земјава. Изминува септември, а новите мерки за стопанството ги нема ни на повидок, остануваат само како дел од пи-ар стратегијата на старо новата владата на СДСМ. Техничкиот премиер Оливер Спасовски на 17 мај презентирајќи го третиот сет економски мерки за справување со корона кризата, посочи дека на крајот на август ќе се воведе една нова мерка наречена „Викенд без ДДВ“ односно викенд без да се плаќа данок на додадена вредност (ДДВ) за сите граѓани.

Тогаш беше најавено дека граѓаните преку оваа мерка, по пониски цени, односно без ДДВ во продавниците би можеле да купат бела техника, гардероба, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Иако оваа мерка за време на предизборието беше најавувана многу помпезно, по изборите исчезна. Од ваквото постапување изгледа оваа најава за ваква мерка само послужила за поткуп на гласачи, па затоа сега СДСМ не гледа причина зошто би ја спровеле до крај истата.

Од друга страна според последните извештаи од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци од годинава. И Министерството за финансии излезе со соопштение дека државната каса е попразна за разлика од лани истиот период, односно приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9% во однос на лани. Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2% во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно приходите беа пониски за 9% во однос на лани.

На сето ова наместо реални мерки, по изборите следеше одлука за поскапување на струјата за цели 7,4 отсто или се направи дополнителен товар за граѓаните, од една страна, а од друга само еднократна помош за едно пазарење во маркет или викенд во некое од туристичките места.

Наместо решенија за санирање на последиците од здравствено-економската криза граѓаните добиваат откази, повисоки сметки и слично. Ситуацијата, велат стопанствениците, е таква што изгледа како владата да ја игнорира актуелната ситауција.

-Тоа води кон поголема сиромаштија. Тоа води кон намалување на плати, кратење на работни места во иднина. А тоа се случуваше и до сега и за то говорат бројките на намелно производство, намалени плати, отпуштени работници, коментира еден работодавач.

Коронавирус