сабота, 28. март 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Наместо за 90, Македонија има резерви на нафта за помалку од 50 дена

Наместо за 90, Македонија има резерви на нафта за помалку од 50 дена

Врз основа на проектираниот енергетскиот биланс, доколку Македонија до крајот на годината би останала без снабдување на нафта и нафтени деривати, со државните резерви стопанството, сообраќајот и домаќинствата би можеле да опстојуваат непречено 50 дена со дизел и 82 дена со бензин.

Дополнително за толку денови ќе има од резервите, ако во меѓувреме Владата не им одобрува поголеми количини од залихите на другите државни и јавни институции како што е практика и доколку се набават дополнителнителните горива кои Дирекцијата за нафтени резерви ги планира во 2020.

Македонија чува готови нафтени деривати, а оваа година планира да набави 20,5 милиони литри дизел и 2,5 милиони литри Еуросупер 95 за сума од околу 16 милиони евра. Без овие дополнителни резерви, Македонија во вонредна ситуација би имала гориво за уште помалку денови од предвидените 50, односно 82.

Доколку Владата одлучи да им препушти една четвртина од резервите, колку што е законски дозволено, на јавните претпријатија, општините и други установи, тогаш нафта би имале за само 40 дена, а бензин за 63 дена.

Дирекцијата бара од Владата да го намали отстапувањето од 25 на 10 отсто бидејќи се создава ретрограден процес и сигурност во снабдувањето, особено кај дизелот.

– Дирекцијата укажува дека доколку се продолжи и понатаму со овој тренд, директно ќе се одрази негативно на извештаите кои Дирекцијата ги доставува до Европската комисија а кои се составен дел на поглавјето 3.15 Енергетика, подрачје 3.15.1 Сигурност во снабдувањето, гласи барањето од таму.

Согласно Законот за задолжителни резерви, Македонија треба да има залихи за 90 дена просечна потрошувачка под претпоставка да нема никакво снабдување однадвор од страна на трговците, според усогласувањето на законодавството со она на ЕУ.

Во случај на нафтена криза, според домашните и меѓународни обврски, земјата треба за три месеци да има своја нафта и нафтени деривати без нарушување на пазарот и цените.

Покрај тоа, 6,1 милиони литри Еуросупер 95 во складот на Министерството за одбрана не се долго време ре-обновени, иако во меѓувреме е покрената иницијатива за нивно дислоцирање. Констатирано е дека го губи својството, а дирекцијата набавува адитиви за да го задржи квалитетот.