сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 36
home Економија

Наместо да финишира до јуни годинава како што се најавуваше, изградбата на автопатот Кичево- Охрид доби ветувања за нови рокови

Наместо да финишира до јуни годинава како што се најавуваше, изградбата на автопатот Кичево- Охрид доби ветувања за нови рокови

Највисоката инфраструктурна инвестиција во изминатите 50 години, автопатот Кичево -Охрид започна во 2014 година. Со инвестиција од 375 милиони евра, Кичево и Охрид требаше да се поврзат со автопат во должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој.

Активностите за изградба на автопатот почнаа со поставување камен-темелник кај кичевското село Извор. Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Требаше да има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата да има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот Пресека со две цевки. Го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Градежните работи почнаа истовремено на три локации и требаше да завршат за четири години. Во активностите требаше да бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава.

Автопатот Кичево- Охрид кој веќе се гради 7 години, а го започна владата на ВМРО- ДПМНЕ се уште не е пуштен во употреба. И двајцата министри на СДСМ не успеаа да ја довршат изградбата на Автопатот Кичево -Охрид. Ниту Горан Сугаревски, ниту Благој Бочварски. СДСМ за овој обемен проект тврдеше дека е згрешена трасата и затоа има застој. Меѓутоа во 2018 година тогашниот министер Благој Бочварски потврди дека автопатот Кичево -Охрид ќе се гради по истата траса.

Во месец мај тогашниот миниистер за транспорт и врски Благој Бочварски тврдеше дека сеуште преговараат со изведувачот и инвеститорот за новиот реален рок за изградба на оваа делница. но до ден денес тој се уште не е завршен.
„Во јуни 2021 ќе се знае кога ќе се вози по автопатот Кичево-Охрид“ рече тогашниот министерот Бочварски. Автопатот кој веќе се гради седум години требаше да биде готов во мај месец. Но, министерот за транспорт Благој Бочварски во јуни 2021 кажа дека уште преговараат со изведувачот и кредиторот за новиот реален рок за изградба на оваа делница. Од Собранието ќе се бара да дозволи нов анекс на договорот со трет, подолг рок со кинескиот изведувач „Синохидро“ .

Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти, рече Бочварски и додаде дека отвораат силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите.

Наместо да финишира до јуни годинава како што се најавуваше, изградбата на автопатот Кичево- Охрид доби ветувања за нови рокови.

Декември 2023 година е новиот краен датум до кога конечно ќе треба да завршат градежните активности на оваа делница кои започнаа уште пред седум години во февруари 2014 та година.
И Благој Бичварскиниту и Горан Сугаревски во моментот кога беа на позицијата министер за транспорт и врски во владата на СДСМ се правдаа на гршната проектна документација.

Министрите за транспорт Бочварски како и неговите претходници одолговлекувањето на изградбата го правдаат на грешната проектна документација. Тоа беше трето продолжување на рокот откако првично оваа автопатска делница требаше да биде готова до 2018 година.

Проектот освен што доцни со години, стана и речиси двојно поскап од првичната замисла. Најмалку 10 милиони евра за еден километар ќе ги чини граѓаните автопатот Кичево-Охрид. Претходниот министер Благој Бочварски тврдеше дека автопатот ќе биде пуштен во употреба во 2021 годинина.

„На автопатот Кичево – Охрид се завршени сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра коишто се предвидени. Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година“, истакна Бочварски.

Овој автопат важи за највисока инфраструктурна инвестиција во изминатите 50 години, а е започнат во 2014 година. Со инвестиција од 375 милиони евра, Кичево и Охрид требаше да се поврзат со автопат во должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој.

Активностите за изградба на автопатот почнаа со поставување камен-темелник кај кичевското село Извор. Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Требаше да има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата да има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот Пресека со две цевки. Го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“.

Градежните работи почнаа истовремено на три локации и требаше да завршат за четири години. Во активностите требаше да бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава.

Коронавирус