петок, 30. септември 2022. Вести денес: 139
home Економија

Намалена работата на македонските градежници во странство за 19,8%

Намалена работата на македонските градежници во странство за 19,8%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува ‎2 306 602 илјади денари, што е за 19.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од ‎1 557 662 илјади денари, што е за 37.2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија.

Вредносните податоци за периодот јануари-декември 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.3258 денари.

Коронавирус