среда, 11. мај 2022. Вести денес: 106
home Економија

Намалена потрошувачката на кеси за 10 пати

Намалена потрошувачката на кеси за 10 пати

За еден месец собрани се околу 235.000 евра од продажба на пластични кеси. Според министерот, забраната за употреба на кесите која стапи на сила на 01 декември дава задоволителни резултати. Ако пак некој сепак купи кеса таа се наплаќа 15 денари. Затоа нивната употреба е значително намалена.

Ќе бидат засилени контролите и ќе бидат изрекувани канзи за маркетите кои ги сечат рачките на кесите и ги пуштаат во промет, но мора да се работи и на промена на свеста кај граѓаните.

Парите собрани од продажбата на кесите одат во посебен фонд. Допрва ќе биде подготвена програма за тоа како ќе се трошат затоа што се чекало да се видат ефектите. Најверојатно тие пари ќе бидат нaменети за купување контејнери за слекција на отпад.

Коронавирус