петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 141
home Економија

Најавата на Анѓушев за „Локо транс“- Рециклирана инвестиција од 2016-та година

Најавата на Анѓушев за „Локо транс“- Рециклирана инвестиција од 2016-та година

Чешката компанија „Локо Транс“ од Брно ќе отвори фабрика за шински возила во скопската општина Гази Баба, изјави вчера вицепремеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Според Анѓушев намерата на компанијата да инвестира во земјава веќе била објавена во реномираниот чешки весник „Економиа“.

Истата инвестиција и компанија беа најавени и во 2016-та година од страна на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве што пишуваа тогаш медиумите околу оваа инвестиција:

Железничкиот гигант „Локо Транс“ планира да отвори регионален логистички центар во Македонија, дознава „Лидер“. Компанијата со седиште во Брно, Чешка, донесе стратешка одлука за инвестирање во земјава. Во овој момент, компанијата е во фаза на разгледување на опции за купување на земјиште за изградба на регионален логистички центар, кој треба да ги опслужува сите соседни држави, пишува Лидер.
Република Македонија ќе биде центарот на сите операции на Балканот на „Локо Транс“, изјави сопственикот на компанијата, Карел Јалови.

Во првата фаза од инвестицијата планираме да вработиме околу 200 лица, а вкупно планираме да вработиме околу 600 работници. Железничката индустрија нема граници. Во Македонија се одлучивме да инвестираме најмногу поради местоположбата на земјата, како и Коридорите 8 и 10, но и поврзаноста со соседните земји. Исто така, во Македонија наидовме на квалификувана работна сила во секторот на железничкиот инженеринг, па затоа и очекуваме час поскоро да почнеме со нашата инвестиција тука“, изјави сопственикот на „Локо Транс“, Карел Јалови.

 

Коронавирус