четврток, 12. мај 2022. Вести денес: 93
home Економија

Над 16.000 граѓани останале без работата поради ковид-кризата

Над 16.000 граѓани останале без работата поради ковид-кризата

Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати на вчерашната прес-конференција информираше дека вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на корона вирус.

-Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци, додаде Мурати на новинарско прашање.

Иако од бизнис фелата пак тврдат дека бројката на загубени работни места изнесува над 40.000, Мурати вели дека таква статистика нема.

Во моментов активни баратели на работа има речиси 131.000, а пасивни се околу 54.000 лица.

Коронавирус