среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 100
home Економија

На задолжувањата им нема крај – Владата идната недела планира да се задолжи за нови 21 милион евра

На задолжувањата им нема крај – Владата идната недела планира да се задолжи за нови 21 милион евра

Владата идната недела на 17-ти декември планира да се задолжи 21 милион евра. Според аукцијата објавена на Народна Банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност во вредност од 21,1 милион евра.

Задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Опозицијата ВМРО ДПМНЕ како и експертската јавност континуирано предупредуваат за зголемените задолжувања и за зголемувањето на јавниот долг но власта упорно ги спроведува и повеќе од проектираните.

Така според информациите откако Заев е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност дека тие се во нормала.