среда, 14. април 2021. Вести денес: 136
home Економија

НА ДНОТО: 10 најниски плати во Македонија

НА ДНОТО: 10 најниски плати во Македонија

Доколку ги анализираме просечните плати по дејности во месец декември 2020 година во Македонија, може да забележиме дека 55 дејности или една половина се со просек помал од просечната плата.

На дното со просечни плати во Македонија се наоѓаат вработените во заштитни и истражни дејности каде просечната плата изнесув 15.933 денари или плата која е за 12.361 денар помала од просечната плата во Македонија.

Потоа следуваат производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 16.777 денари, Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив се со просечна плата од 17.189 денари.

Вработените во дејности за подготовка на оброци и служење на храна се со просечна плата од 17.697 денари.

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со просечна плата од 17.946 денари

Вработените во производство на облека земаат просечна плата од 18.184 денари

Вработените во производство на мебел земаат просечна плата од 19.674 денари, додека во дејноста рибарство и аквакултура просечната плата изнесува 19.996 денари.

Вработените во дејноста објекти за сметување и сервисни дејности со храна имаат просечна плата од 20.264 денари или 329 евра. По нив следат вработените во дејноста стстранување на отпадни води со просчна плата од 20.269 денари. Овие дејности ги сочинуваат ТОП 10 најниски просечни плати во Македонија.

Да се потсетиме дека, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари, додека пак синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари.

Коронавирус