понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 120
home Економија

МЗШВ: Со новиот јавен повик за земјиште до три хектари, секоја педа земја се става во функција

МЗШВ: Со новиот јавен повик за земјиште до три хектари, секоја педа земја се става во функција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување понуди за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари. Се работи за повик наменет за неатрактивно земјиште, од пониска класа и на поголеми надморски височини. Врз земјиштето не смее да има востановено право на закуп или плодоуживање, ниту смее тоа да биде предмет на тековни јавни огласи или денационализација.

Јавниот повик се однесува на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Свети Николе, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Штип, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир.  Рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавата во дневните весници, односно од 12.12.2018 година.

-Целта на овој повик е да се стави во функција секоја педа земја која може да овозможи добро производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура им овозможуваме на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и  на тој начин директно да се зголеми површината на обработено земјоделско земјиште, велат од МЗШВ.

Понудата се доставува за земјоделско земјиште на кое нема подигнато долгогодишни насади и кое во катастарот на недвижности е запишано со  катастарска класа 4, 5, 6, 7 и 8.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години

-Откако ќе се приберат сите понуди, комисија формирана од страна на Владата ги разгледува и донесува одлука за избор на најповолни. По донесување на одлуката министерот склучува договор со сите избрани понудувачи. Доколку има двајца понудувачи за иста катастарска парцела, Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на критериумите утврдени во член 25-а и член 27 од Законот за земјоделското земјиште и член 3 од Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп, објаснува Министерството.

Коронавирус