среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Економија

„Мој ДДВ“ версус „Намалување на стапка на ДДВ“- Како за шест месеци граѓаните станаа посиромашни за 48 милиони евра?!

Дебакл на владината мерка „Мој ДДВ“. Иако од владејачката партија помпезно лицитираат со бројки, сепак овие бројки се и те како поразителни. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски понуди друго пофлексибилно, попрактично и пофункционално решение кое на граѓаните за шест месеци ќе им донесеше плус 48 милиони евра во новчаниците. Но, да започнеме со ред.
„Мој ДДВ“ версус „Намалување на стапка на ДДВ“-  Како за шест месеци граѓаните станаа посиромашни за 48 милиони евра?!

Денеска на прес-конференција, Кирил Колемишевски, претседателот на Комисија за економија на СДСМ информираше дека за две тримесечја, преку мерката „Мој ДДВ“ граѓаните оствариле поврат на близу 6,9 милиони евра.

Да сумираме 6,9 милиони евра за период од 6 месеци, или неколкукратно помалку од тоа што беше најавувано.

Што ветуваше Заев? Со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно

Поранешниот премиер Зоран Заев кога го најавуваше проектот изјави дека со оваа мерка граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно. Со досега реализираните 6,9 милиони евра за шест месеци сумата која би била вратена кај граѓаните би изнесувала 13,8 милиони евра на годишно ниво што е многу помалку од најавената сума од тогашниот премиер Заев.

-Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот, изјави тогаш Заев.

Мицкоски: Ќе предложиме намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти

За неуспешноста на мерката „Мој ДДВ“ предупредуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изнесе свој предлог. Имено Мицкоски предложи да се намали висината на стапката на ДДВ од 18% на 16% и од 5% на 4%.

Мицкоски тогаш во гостување на телевизија Алфа истакна дека повратот на ДДВ кој го ветува Зоран Заев ќе биде уште една лага на власта и дека тој има многу подобро решение.

-Тоа е уште една лага. Зошто, еве јас ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи закон во рамките на Собранието за намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти на некои производи и од 5 на 4 проценти. Тоа од прилика е подеднакво колку што тој ветуваше дека ќе им врати на граѓаните. Зошто ние најпрвин да им ги земеме парите, па да вадат картички , па да чуваат фискални сметки, па редици, па УЈП имало систем немало систем. Сето тоа да го заборавиме не ни треба. Само да ги намалиме даночните стапки од 18 на 16 и од 5 на 4 проценти. Еве само ова треба да го направиме и сето ова да видиме дали било со чесна намера. Не ни треба ова другото ништо, изјави тогаш Мицкоски.

„Мој ДДВ“ версус „Намалување на стапката на ДДВ-то“: Што вели математиката или колку загубија граѓаните?

Согласно буџетот на Република Македонија за 2019-та година планираните приходи од ДДВ изнесуваат 52 милијарди и 136 милиони денари односно 848 милиони евра. Доколку стапката на ДДВ заклучно со месец јули беше намалена од 18 на 16 и од 5 на 4 проценти за период од една година кај граѓаните ќе останеа 110 милиони евра, а за шест месеци 55 милиони евра.

За споредба за 6 месеци мерката „Мој ДДВ“ кај граѓаните врати 6,9 милиони евра, 48 милиони евра помалку отколку предложената мерка за намалување на стапката на ДДВ, односно сумата за која се посиромашни граѓаните во државата за шест месеци изнесува 48 милиони евра.

Ако направиме проста математика на фискална сметка од 1000 (илјада) денари ДДВ-то изнесува 180 денари. Со мерката предложена од Мицкоски ДДВ-то би изнесувало 160 денари односно 20 денари помалку, а вашата сметка би изнесувала 980 денари односно ќе имате заштеда од 20 денари во старт и нема да бидете изложени на непотребни процедури како скенирање на самата сметка и потоа да чекате три месеци државата да ви ги врати парите.

Мерката „Мој ДДВ“ не ги исполни очекувањата на граѓаните, можеби тука допринесе и недовербата кон институциите за повратот на ДДВ да биде толку низок, додека од друга страна мерката „Намалување на стапка на ДДВ“ во старт нудеше системско решение од кое бенефитите, граѓаните ќе ги почуствуваа веднаш.

 

Најнови вести

Коронавирус