среда, 24. април 2019. Вести денес: 43
home Економија

ММФ нѐ тресна од земја: Економскиот раст за изминатата година е 2 проценти, наместо ветените 5 %

ММФ нѐ тресна од земја: Економскиот раст за изминатата година е 2 проценти, наместо ветените 5 %

Во 2018 растот на БДП изнесувал два процента, како одраз на личната потрошувачка, поддржана од растот на вработеноста како и кредитирањето на домаќинствата, оценува Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во соопштение кое беше лиферувано денеска по повод завршувањето на редовните годишни консултации со Македонија.

Последната проекција на Министерството за финансии и на Владата за раст на БДП за 2018 година беше 2,8 %.

Да потсетеме растот на економијата во 2017 година изнесуваше 0,1 %.

Со овие податоци просечниот раст на македонската економија во последниве две години изнесува 1 процент што е далеку од ветувањето од раст од  5 % на годишно ниво дадено од актуелната Влада предводена од СДСМ во предизборието, а дури и проекциите за раст на економијата во 2019 година од 3.2% исто така не се ни приближни до ветените 5%.

Со овие резултати Македонија е на последното место по раст на економијата на Балканот.

Подобри од Македонија се сите: Србија, Албанија и Косово со највисок раст од 4 отсто. Црна Гора со раст од 3.7%, Босна и Херцеговина од 3.2%. додека Хрватска има економски раст од 2,8 отсто.