сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Економија

Миновски: Власта најлесно ќе ги вратеше парите кај граѓаните доколку не ја зголемеше акцизата и даноците

Миновски: Власта најлесно ќе ги вратеше парите кај граѓаните доколку не ја зголемеше акцизата и даноците

Во вечерашното гостување во емисијата „Отворено„ на Алфа, поранешниот министер за финасии, Кирил Миновски истакна дека е многу подобро да се спроведува политикита на ниски даноци бидејќи на овој стадиум на економски развој тие обезбедуваат полна државна каса и обезбедуваат највисок степен на фискална дисциплина во Македонија.

-Ниските даноци се стимулативни за субјектите за да го платат данокот. Доколку не се зголемеше акцизата во тој случај ќе имавме дирекно влијание врз буџетот на сите семејства во државата. Од зголемувањето на акцизата се прибрани околу 35 милиони евра и тоа е истиот обем на средства којшто ќе се обезбеди со поврат на ддв, којшто би им се дал на граѓаните и тоа преку поедноставна процедура но, на начин на којшто немаше да се зголеми акцизата, истакна Миновски.

Тој додаде дека од овде се наметнува прашањето од ќе се надомеостат тие средства коишто државата ќе ги враќа како поврат на граѓаните.