сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Миновски: Владата лицитира со бројки за буџетската дупка, потребни се анализи и решенија кои се во интерес на заштита на граѓаните

Миновски: Владата лицитира со бројки за буџетската дупка, потребни се анализи и решенија кои се во интерес на заштита на граѓаните

-Не ми е познато на која основа владата лицитира со бројки за буџетската дупка. Незнам дали на Република Македонија и се потребни 1.2 милијарди евра, 2 милијарди или 3 милијарди евра и така натаму. Непоходно е да се видат тие параметри и да се споделат со јавноста, со стручната јавност и да се анализираат бројките за да се види колку навистина ни се потребни средства во наредниот период. Исто така не ми е познато од кои причини се настапуваше со изјави дека состојбата во македонската економија е под контрола, дека е силна да се справи со секакви предизвици и по извесен период имаме сосема спротивставени изјави со кои се изнесуваат катастрофични сценарија. Сметам дека треба да се изнесат буџетските бројки, да ги види стручната јавност, да се направат анализи и да се најдат решенија се во интерес на заштита на стандардот на граѓаните, вели екс министерот за финансии Кирил Миновски, во вчерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Коронавирус