сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Економија

Миновски: Оваа влада има отсуство на јасна визија и стратегија во која насока да се движи македонската еконoмија

Миновски: Оваа влада има отсуство на јасна визија и стратегија во која насока да се движи македонската еконoмија

Поранешниот министер за финасии од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миновски во своето гостување во емисијата„Отворено“ на Алфа истакна дека оваа влада предводена од СДСМ нема да може да ги исполни ветувањата за 500 евра просечна плата, подобар стандарт од причина што во 2019 годинa се застапени рекордно ниски стапки на капитални инвестиции.

Имено капиталните инвестиции и ифраструктурата даваат директен и индиректен стимул врз развојот на економијата.

-Оваа влада има отсуства на јасна визија и стратегија во која насока да се движи македонската еконимија. Ние сме сведоци дека во изминатиот период беа стигматизирани странските инвестиции и влезот на странските директни инвеститори коишто носеа технологија, знаење и се двигател на економскиот раст и на оној скромен економски раст којшто го имавме изминатата година и она кое се случува во првиот квартал. Така да без прилив на средства од надвор, без серизони технолошки инвестициски промени во домашната економија коишто ќе го поттикнат извозот не очекувам некои драматични промени во македонската економија. Имајки го во предвид и ова ниско ниво на имплементација на капиталните инвестиции затоашто капиталните инвестиции влијаат и на зголемувањето на потрошувачката во земјата, истакна Миновски.

Тој во своето гостување посочи дека ако државата има проблеми со имплеметација на проекти, со распишување на тендери, со имплементација на инфраструктурните проекти во тој случај не може да се очекува просечна плата од 500 евра, засилен економски развој во услови кога се наоѓама на година дена од следните парламентарните избори доколку се редовни, а доколку се предвремени тоа ќе биде невозможно.