вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Економија

Mинистерот Бектеши ја искара вицепремирката Царовска: Повеќе работи, помалку терај кампања!

Mинистерот Бектеши ја искара вицепремирката Царовска: Повеќе работи, помалку терај кампања!

Вицепремиерката Мила Царовска многу е зафатена со изборни активности па затоа нема време да се посвети на странските компании, рече министерот за економија Крешник Бектеши откако таа ја префрли топката во неговото министерство за тоа кој е крив што странските компании наместо поевтини, ќе плаќаат поскапи царини за производите.

Бектеши и порача на Царовска дека треба да ги знае процедурите во економскиот дел, зашто таа е вицепремиер за економски прашања. Рече дека секој што работи на висока функција треба да ги знаат процедурите, пренесе ТВ Алфа.

Вицепремиерката Мила Царовска пак, претходно не упати одговор да побараме во министерството за економија.

Инаку, Царовска за време на пандемијата буквално ја немаше никаде, па сега откако почна изборната кампања, секој ден посетува фирми, но во својство на вицепремиер.

Претходно, и министерката за финансии се правдаше дека компаниите на време не доставиле барање, па затоа не им излегле во пресрет.

 

Видеото видете го на следниот линк.

Инаку, Македонија е единствена земја каде прв човек на економијата е социолог, затоа што токму тоа и го има завршено вицепремиерот за економија Мила Царовска, општествена наука која нема апсолутно никаква врска со економијата.

Оправдувањето би било тоа што таа доаѓа од партијата во која е важна само политичката припадност и кој колку е подготвен да стори за СДСм е одлучувачки фактор за напредок во кариерата.

Затоа, оправдано ли е социолог да води економија на државата?

Поверојатно, токму затоа македонската економија сега е на ова ниво, но затоа и владата на Спасовски знае многу повеќе за социјалните моменти во државата, отколку кога на местото би имале некој кој има макар малку поим за економија, а тоа не е владин тендер за сопругот…

Коронавирус