петок, 4. декември 2020. Вести денес: 91
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Економија

Мицкоски: За 14% е помало индустриското производство, луѓето мака мачат да врзат крај со крај, владата ги остави на милост и немилост

Мицкоски: За 14% е помало индустриското производство, луѓето мака мачат да врзат крај со крај, владата ги остави на милост и немилост

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа каде што истакна дека владата граѓаните ги остави на милост и немилост, а тоа го покажуваат и показателите дека за 5% е помал бројот на вработени во индустријата, а индустриското производство за месец март оваа година е паднато за 13.7 односно околу 14%.

„Денес излезе статистички показател за вработени во индустрија, за околу 5% е помал бројот на вработени во март 2020-тата од тој што е во 2019-тата година. Во април којзнае колку ќе биде“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека вчера има излезено показател за индустриско производство за 13.7 односно околу 14% е помало индустриското производство во март 2020-тата година споредена со март 2019-тата година.

„Мене не ми треба лична сатисфакцијадека сум бил во право и да кажам ми се исмејувавте, ме навредувавте па после две недели го спроведовте тоа. Не патам од таква фрустрација. Јас ги замолував и им подавав рака на прес конференции велејќи им еве ви ја раката пригфатете ја, дајте да ви помогнеме. Така не ви помагаме на вас, им помагаме на граѓаните. Мене ми е тоа важно“, нагласи Мицкоски.

Коронавирус