среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Економија

Мицкоски: Резултатот на оваа влада е БДП кој е на дно

Мицкоски: Резултатот на оваа влада е БДП кој е на дно

При дуелот на  Канал 5, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека работата на Владата покажува колку имаат ефикасна економска политика, поради која Македонија има БДП кој е на дното во регионот.

-БДП во Република Македонија од кога господинот Заев ја предводи Владата на Република Македонија па се до ден денешен од ветените 5% нема ништо. Од јуни месец од кога се дојдени заклучно со декември месец 2018-та година целиот тој период тие 6 квартали резултатот е 2,05% раст на БДП. Во услови кога нашите соседи растат со 5,6,7% , 2018 година Македонија со просек од 2,7% раст на БДП, соседна Бугарија 3,1%, Романија 4,1%, соседна Србија 4,3%, соседна Албанија 4,4%, Словенија 4,5%, Полска 5,1%. Нас не ставаат на дното во раст на БДП, нагласи Мицкоски.