среда, 31. мај 2023. Вести денес: 0
home Економија

Мицкоски: Ќе поднесеме законски предлог за зголемување на пензиите за 10 отсто

Мицкоски: Ќе поднесеме законски предлог за зголемување на пензиите за 10 отсто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија Алфа во Отвореното студио ексклузивно откри дека секој месец  опозицијата во Собранието ќе поднесува по едно законско решение кое треба да го подобри животниот стандард на граѓаните. Имено тој најави дека ваквото делување на опозицијата ќе започне со предлог Закон за покачување на пензиите за 10 проценти. За крај порача дека едно нешто е декларативното залагање на владата за решавање на проблемите на граѓаните, а друго е суштинското решавање на тие проблеми.

-На пратеници од нашата парламентарна група кои што се дел од коалицијата За подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме до крајот на овој месец  ќе поднесеме до крајот на овој месец предлог Закон во парламентот за покачување на пензиите од 10 проценти па да видиме дали е вистинска намерата и заложбата на владеачкото мнозинство да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните во Република Македонија. Еве ќе почнеме од оваа мерка и така секој месец ќе поднесуваме по едно законско решение кое што навистина ќе додаде вредност односно ќе го зголеми квалитетот на живот на нашите сограѓани. Едно е вие вака декларативно со памфлети да мавтате и таканаречени политички одлуки, а друго е суштински и вистински да се занимавате со супстанцата на проблемот, а не само со обландата, вели Мицкоски.