понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 31
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Економија

Мицкоски: Еврообврзницата е препродадена, продавачите оствариле 21 милион евра профит

Мицкоски: Еврообврзницата е препродадена, продавачите оствариле 21 милион евра профит

Еврообврзницата која ја издаде Владата во износ од 700 милиони евра е веќе препродадена и притоа продавачите оствариле профит од 21 милион евра, изјави денес на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите каков е неговиот коментар во врска со новото задолжување.

„До нас стигаат информации дека за само два дена еврообврзницаата е препродадена и дека тој што ја препродал отприлика некаде 0,45, 0,5 процентни поени остварил профит или тоа е некаде околу 21 милион евра на сметка на граѓаните“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку е точно, тоа е страшно „затоа што 21 милион ги чини граѓаните само што не почекаа два дена од тоа што ја набавија таа еврообврзница“. „Настрана од тоа дека треба да платиме 170 милиони евра камати и прашањето е зашто ги имаме најлошите услови убедливо од сите и зошто само на 6 години се издаде оваа еврообврзница, но за тоа претпоставувам ќе ви одговорат претпоставувам надлежните“, рече Мицкоски.

Парламентарни избори 2020