понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Економија

Македонија со пад од седум места во најновиот извештај на „Дуинг Бизнис“

Македонија со пад од седум места во најновиот извештај на „Дуинг Бизнис“

Во новиот извештај на „Дуинг Бизнис“ за 2020 година на Светската Банка Македонија бележи пад од седум места што е поразувачки во однос на минатата година.

Македонија годинава се наоѓа на 17-то место во новиот извештај на „Дунг Бизнисот“ додека минатата година нашата земја беше рангирани на 10-то место во светски рамки.

Ова значи дека власта наместо да ја подобрува бизнис климата таа ја уназадува во економски поглед.

 

Од европските земји, најдобро позиционирани на листата на Дуинг бзинис се Данска, Норвешка, Шведска и Литванија, додека земјите од регионот се меѓу 37-то и 90-то место.

Словенија е рангирана на 37-то место, Србија на 44-то, Црна Гора на 50-то, Хрватска 51-ва, Косово 57-ма, Албанија 82-ро и Босна и Херцеговина на 90-тото место.

Првите 10 места ги заземаат Нов Зеланд, Сингапур, Хонг Конг, Данска, Кореа, САД, Грузија, Велика Британија, Норвешка и Шведска.

„Doing Business 2020“ е 17-тото издание што ги испитува реформите на одредбите што го поттикнуваат или спречуваат развивањето на бизнис активностите. Истражувањето претставува збир на квантитативни индикатори за бизнис одредби и заштита на имотни права во 190 земји. Покрива одредби од 12 аспекти на еден бизнис: започнување бизнис, добивање дозволи за градба, приклучок на електрична енергија, регистрирање имот, добивање кредит, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, трговија, спроведување  договори, справување со стечај, вработување и склучување договори со владата.

Податоците од ова истражување се однесуваат на период од 1 мај 2019. Преку овие индикатори се анализираат економските последици од одредбите и се анализира кои реформи во оваа област функционираат, каде и зошто.

Минатата година земјата била рангирана на 10-тото место.

Коронавирус