вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Економија

Македонија со најмал зафат од буџетот за економските мерки

Македонија со најмал зафат од буџетот за економските мерки

Македонија има само 105 милиони евра за војната против Ковид-19 по релокацијата на средствата од националниот буџет. Со 0,2 отсто од државниот буџет или само 105 милиони евра за борба против коронавирусот,  Македонија е рангирана на последното ниво во однос на износот на средствата наменети за оваа намена. Информациите објавени на социјалните мрежи од страна на Вишеградската група, во кои учествуваат Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, покажуваат дека во нашиот регион повеќе пари во борбата против оваа кризата дели Србија, со 11% проценти од нејзиниот буџет, Албанија одлучи да пренамени над 1%, додека Косово скоро 2,5%.

По редослед од долу нагоре  Македонија е со 0,2 проценти, зад Албанија 1,3%, Косово 2,3%, Бугарија 3,5%, Грција 4,5% и Србија 11%. Најмоќната економија на Стариот континент, Германија одвојува 30,6 проценти. следат Велика Британија со 25, Италија и Шпанија со 20, Унгарија со 19,5% и Чешка со 18%.

Намалувањето на буџетските трошоци е мал, рече поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, кој смета дека процентот сепак ќе се зголемува во мај.

– Очекувам намалувањето на буџетот во секторот да биде поголемо од почетокот на мај. Владата малку задоцни, но се надевам дека пандемијата нема да трае долго, иако е загрозен. На пример, со исплатата на целите мартовски плати за целата администрација, мислам дека е направена грешка, вели Поповски за Алсат ТВ.

Локални избори 2021