сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 78
home Економија

Македонија со најлош резултат во регионот: По Светска банка и ММФ со катастрофална проекција за растот на економијата на земјава

Македонија со најлош резултат во регионот: По Светска банка и ММФ со катастрофална проекција за растот на економијата на земјава

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти. Со тоа Македонија има убедливо најлоши оценки од меѓународните финансиски институции.

За следната година, Фондот предвидува дека земјава ќе достигне стапка на раст од 2,6 проценти наспроти првично проектираните 3 проценти.

Неодамна и Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.

Од македонската Влада неколку пати досега тврдеа дека голема е веројатноста стапката на раст од 3,2 отсто која е проектирана и во буџетот да се оствари, што ќе биде поткрепено и со мерки за финансиска поддршка на компаниите.