сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Економија

Македонија на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност

Македонија на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност

Македонија се најде на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум. Земјава го зазема 84-то место. Полошо од Македонија, на континентот, се рангирани само Молдавија и Босна и Херцеговина. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека освен ниското ниво на инфлација, земјава е лошо оценета во речиси сите области. Македонија доби ниски оценки и во делот на функционирањето на институциите и правосудството.

Лошите оценки во извештајот се однесуваат на справувањето со организираниот криминал, слабата заштита на интелектуалните и имотните права, како и неефикасноста на законите. Се нотира и лошата инфраструктура, слабо сме рангирани според поврзаноста и квалитетот на патиштата, услугите на железницата, како и транспортот од и до аеродромите. Во делот на образованието и бизнисот, анкетираните во Македонија се пожалиле дека тешко се наоѓаат квалификувани работници, дека ретко кој врши обука на кадарот и дека е мала соработката на газдите со синдикатите. На врвот на Извештајот за глобална конкурентност се најдоа САД, Сингапур и Германија.

Инаку, лани Македонија не беше рангирана на оваа листа поради недоволно податоци.

Коронавирус