недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Економија

Македонија на дното на Европа и регионот по раст на БДП во првиот квартал, македонската економија пред катастрофа

Македонија на дното на Европа и регионот по раст на БДП во првиот квартал, македонската економија пред катастрофа

Според најновите податоци на Државен завод за статистика Македонија во првиот квартал има раст на БДП само од 0,1 %. Ова е катастрофално лош резултат ако се земе во предвид фалењето на владата за новите проекти и секако фактот дека цел регион и Европа доживуваат бум на економски план.

Така Македонија споредена со другите земји и според податоците од Еуростат   пак е на дното кога станува збор за раст на економијата. И додека целокупниот регион расте македонската економија стагнира и не ги користи позитивните трендови кои се случуваaт моментално во светот. Така според податоците на Еуростат растот во q1 2018 година во Србија изнесува 4,6%, во Бугарија 3,5%, Чешка Република 3,7% Естонија 3.6%, Полска 5.1%, Словенија 4.6%, Унгарија 4.4% односно Република Македонија со остварените 0.1% се наоѓа на последно место во Европа.

И додека целокупниот регион расте на економски план Македонија тапка во место. Експертите предупредуваат дека со вака слаб ангажман и реализација на БДП во првиот квартал  економијата нема добри изгледи за 2018. Владата даваше ветувања дека ќе ја унапреди економијата и дека ќе го зголеми стандардот на граѓаните но ништо од ова не се реализираше. Напротив, Македонија од лидер во економијата и висок раст на БДП и во моменти на економска криза станува последна во регионот и Европа.