среда, 23. септември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Економија

Лозарите ќе добијат дополнителни два денара за килограм предадено грозје

Лозарите ќе добијат дополнителни два денара за килограм предадено грозје

Нова дополнителна субвенција од два денара за килограм предадено грозје во рeгистрирани винарници ќе добијат лозарите, одлучи Владата на вчерашната седница.

Освен што е двојно зголемена од лани кога беше еден денар, субвенцијата се однесува и на повеќе сорти, не само за винските „вранец“ и „смедеревка“. Опфатени ќе бидат и „кратошија“, „станушина“, „бургундец црн“, „жилавка“ и „кадарка“ од реколтата 2019.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, со дополнителната субвенција од два денара, се очекува да се намалат загубите на производителите на винско грозје.

– Измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно моделот за оваа дополнителна субвенција е донесен по повеќето разговори и консултации со производителите на грозје, но и поради проблемите што тие ги имаа со цената и сушата која го намали приносот, информира Министерството.

На вчерашната владина седница се усвоија и измените на Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, со кои се продолжува рокот за поднесување барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. Наместо до 5 ноемрви, сточарите за овие мерки ќе можат да конкурираат до 22 ноември 2019 година. Роковите се продолжуваат поради неможноста земјоделските стопанства да ги остварат своите права за финансиска поддршка.

Коронавирус