среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Економија

Кузмановска: Задолжување од 300 милиони евра пред избори не значи ништо друго освен сомнеж за сомнителни зделки во предизборието

Кузмановска: Задолжување од 300 милиони евра пред избори не значи ништо друго освен сомнеж за сомнителни зделки во предизборието

Продолжуваме со комисија за финансирање на буџет каде што на дневен ред се 5 закони за нови задолжување на Република Македонија за триста милиони евра. Таквите задолжување пред избори не значат ништо друго освен сомнеж за нереализација на тие и вклученост во некои други сомнителни зделки во предизборието. Како пратеничка група ние баравме да се тргнат овие законски решенија меѓутоа парламентарното мнозинство не го прифати тоа затоа што од ден на ден задолжувањето на државата е се поголемо. Ние бележиме односно е евидентирано дека од доаѓањето на оваа власт за три години имаме задолжување за 914 милиони евра, вкупниот долг е зголемен на пет милјарди и седумсто милиони евра, а имаме најнизок процент на капитални инвестиции, тоа се 40% во првите десет месеци и доколку не беше ребалансот ќе беа 36%, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Така да сега се спремаме за една дебата на комисијата каде што подетално ќе бараме одговори на веќе прифатените закони за задолжувања од страна на власта каде и како ќе ги трошат парите со нови задолжувања пред почетокот или веќе на почетокот на зимата, а веќе на месец дена нема нецел месец од техничката влада и краток период пред изборите кога и реално не може да се работи, заклучи Кузмановска.