сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 27
home Економија

КСС: Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор

КСС: Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор

Поради зголемениот број на работници заболени од вирусот Ковид-19 на своето работно место, сметаме дека е потребно инспекциските служби да се секојдневно на терен и со засилени контроли да постапуваат по однос на спроведување на мерките за ефикасно справување и заштита од вирусот, велат од КСС.

Оттаму нагласуваат дека не само здравствените работници се под удар и влијание од вирусот туку дека и работниците во останатите дејности се исто така засегнати. Од друга страна надлежните институции не вршат доволна контрола во компаниите за да констатираат неправилности поврзани со безбедност и заштита при работа.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара заболувањето од Ковид-19 да биде признаено како професионално заболување за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести, со што ќе им следуваат законските можности:

– да имаат можност во полн износ од платата,
– отсуството од работното место да биде заведено како професионално заболување,
– доколку се појават одредени компликации, тие да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција,
– работникот да може да ги користи бенефитите на системот за лекување на последиците; по враќањето на работното место.

Коронавирус