недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 0
home Економија

Кредитната агенција Фич со полоши прогнози за економијата во 2021 од прогнозите на власта

Кредитната агенција Фич со полоши прогнози за економијата во 2021 од прогнозите на власта

„Негативните изгледи ги рефлектираат продолжените надолни ризици за краткорочниот раст и јавните финансии од пандемијата со коронавирусот. Бројот на нови случаи во земјата останува голем и кампањата за вакцинација се соочи со одложувања, 3% од населението е вакцинирано на крајот на април“.

Фич предвидува дека растот на македонската економија ќе биде 3,9% во 2021 година, понизок од очекуваниот на Владата (4,1%), а во линија со понискиот раст прогнозиран од Светска банка (3,6%) и Меѓународниот Монетарен Фонд (3,8%). Загрижува фактот за повисок дефицит од 5,8% од БДП во 2021 година од страна на Фич, наспроти планот на буџетот од Владата којшто базира на дефицит од 4,9% од БДП.

„Потенцијалната потреба за дополнителни мерки за фискална поддршка и недостаток на детали во врска со плановите за фискална консолидација на Владата создаваат ризици за нашата основна фискална прогноза и среднорочната стабилизација на државниот долг“.

Агенцијата очекува фискална консолидација во понатамошниот период и констатира дека Владата ја подготвува новата фискалната стратегија, но кажува дека претходната базирала на оптимистички претпоставки за раст.

Затоа, претпоставките за економскиот раст во иднина треба да бидат реални, а не базирани на пропаганда на оваа Влада.На пример, оваа Влада планира инвестиции во периодот 2021-2025 годинаво вредност од 4 милијарди евра, пари од буџетот и десетици нови форми на фондови, а во пракса едвај реализира 260 милиони евра од буџет и едвај 1,9% од БДП странски директни инвестиции и тоа од постојните капацитети.

И во врска со странските директни инвестиции, Фич очекува да се опорават на 3,1% од БДП до 2022 година, но констатира дека конкурентните трошоци за работна сила во Македонија (и покрај зголемувањето на реалните плати), владините политики насочени кон привлекување инвестиции и напредокот во преговорите кон пристапување во ЕУ, можат да ги фаворизираат изгледите за странски инвестиции. За жал, ова е спротивно од сѐ она што го прави оваа Влада.

Констатациите на Фич се во насока на критиките упатени кон власта дека на почетокот на годината имавме нереалната проекција на растот на економијата во 2021 година, неуспешна вакцинацијата која го одложува нормализирањето на економијата и не-навремената антиципација за помош на економијата при носење на буџетот за 2021 година.

ЕУРО 2020

Македонија