недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Економија

Кожухаров за Алфа: Буџетот за 2019 повеќе е социјален отколку развоен, долгот ќе надмине 54% од БДП

Кожухаров за Алфа: Буџетот за 2019 повеќе е социјален отколку развоен, долгот ќе надмине 54% од БДП

Буџетот за 2019 повеќе е социјален отколку развоен, вели во економскиот магазин за Алфа универзитетскиот професор Сашо Кожухаров. Според него, задолжувањето негативно би се одразило кон стопанството, а и кон бизнисот во земјава.

Во емисијата се разговараше и за ЕБРД која во најновиот извештај пишува дека трендот ќе продолжи заради мерките за поттикнување на бизнисот и зголемувањето на платите. Макеоднскиот долг за 10 години се згоелмил за 20 процентни поени.

Според предлог буџетот во 2019 години долгот ќе надмине 54% од БДП односно ќе се згоелми за околу 600 милиони евра. Со тоа земјата ја прегази црвената линија на задолжувања што како праг ја исцртаа меѓународните финансиски институции во своите последни извештаи.

Во буџетот се предвидени пари за зголемување на платите на администрацијата, на што реагираа синдикалните работници. Според Трпе Деановски од синдикатот на УПОЗ, ваквото минимално покачување немало да им помогне во никој случај, тоа било само залажување.

Деановски вели дека во администрацијата фали стручен кадар, и таа да биде поставена како што треба, во никој слукај да не биде партизирана, туку професинална, за да имаме ефект.

Буџетот за 2019 е историски најголем досега. Тежи 3,7 милијарди евра или 300 милиони повеќе од минатата година.

Предвидени се над 40 милиони евра и за поттикнување на стопанството, но и 18 милиони евра за активни мерки за вработување кои според познавачите на состојбите нема да ја постигнат целта.