четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 81
home Економија

Компанијата „Блуфарма” обвинува: „Промедика” е столбот на криминалот во здравството

Компанијата „Блуфарма” обвинува: „Промедика” е столбот на криминалот во здравството

Битка помеѓу веледрогериите. Компанијата „Блуфарма” обвинува дека фирмата „Промедика ДООЕЛ“ е столбот на криминалот во здравството, пренесува порталот lider.mk

Фирмата „Промедика ДООЕЛ“ чиј сопственик и управител е Ристо Лузевски, со години наназад го манипулира системот учествувајќи на тендери во здравството „тешки“ повеќе стотици милиони денари заедно со својата фирма ќерка „Неокор Медика“ (поранешен „Продентал“) со која глумеле и сè уште глумат „конкуренција“, стои во соопштението до јавноста.

Со тоа не само што е прекршен Законот за заштита на конкуренција туку е нанесена и сè уште се нанесува огромна штета на државата.

По поднесувањето на кривична пријава до ОЈО (14 јуни 2018), инспектори од КЗК во месец февруари, оваа година, упаднале во просториите на Промедика и Неокор Медика со цел да направат увид во документацијата како би се докажала поврзаноста на двете фирми.

Укажувањата на „Блуфарма” до повеќе институции и едногодишнатата „борба“ да ги натераат да постапат и да го санкционираат криминалното дејание и покрај непобитните факти не вроди плод, туку напротив предизвикува основани сомнежи за асистирање на одредени структури во заташкувањето и поддршка на криминалот.

„Блуфарма” трврди дека Промедика е столбот на организираниот криминал во здравството и тоа ќе го докажува преку кривичните пријави кои ќе ги поднесе во наредниот период, затоа што ова е само мал дел од богатиот репертоар на противзаконското делување на овие две фирми со еден сопственик.

Однесувањето и постапките на Ристо Лузевски е исто така причина зошто неколку десетици вработени ги напуштија овие две фирми само во последните две години.