сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 24
home Економија

„Корупцијата и политичката нестабилност си го земаат данокот- пад во бројот на работниците во индустријата“

„Корупцијата и политичката нестабилност си го земаат данокот- пад во бројот на работниците во индустријата“

Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ денеска сподели статус на својот Фејсбук профил каде потенцира дека „Корупцијата и политичката нестабилност си го земаат данокот – Пад во бројот на работниците во индустријата“.

-Државниот завод за статистика ги презентираше последните податоци заклучно со Август 2019 за индексот на бројот на работници во индустријата. Резултатите се лоши, во Август 2019 бројот на работници во индустријата е за -1,6% помалку во однос на Август 2018 година. За целиот период од 2019 година (месеците Јануари до Август) во однос на истиот период во 2018 година, бројот на работници во индустријата е намален за -1,2%.

Податоците за претходните месеци од 2019 година во однос на истиот месец од 2018 година се следниве:
Јули пад од -2,5%;
Јуни пад од -2,8%;
Мај пад од -2,5%;
Април пад од -1,6%;
Март пад од -0,8%;
Растот беше забележан во месеците Февруари и Јануари со +0,8% и +1,2% соодветно.

На што се должи целокупнава лоша состојба во индустријата и општо во економијата?
Светската економска сцена е во супер состојба. Државите, компаниите и граѓаните ги чувствуваат бенефитите од деценискиот економски раст кој владее на светско ниво. Само Македонија и македонските граѓани не го чувствуваат економскиот раст, туку напротив трпат последици од локалната политичка нестабилност и од недостатокот од владеење на правото. Сведоци сме на
многубројни скандали кои секојдневно излегуваат на виделина преку медиумите и социјалните мрежи и за истите нема никаква разрешница, а уште помалку санкции. Единствено нешто кое се развива во моментов е чувството на неказнивост и недопирливост за моменталната власт и сите нејзини функционери и пиуни. Тоа чувство, пропратено со секојдневната општонародна мизерија и сиромаштија кои сите ние заедно ги живееме, прави да се согледуваме себеси како безнадежни суштества.

Но моменталната Влада не застанува тука, има таа уште непријатни изненадувања за сите нас. Ги троши нашите пари на најнепродуктивни можни начини. Јавните инвестиции кои се за општото добро се сведени на минимум, а злоупотребата на јавните пари за гол политички популизам е пуштено на најсилно. Јавната администрација се зголемува неконтролирано, товарот врз буџетот е преголем, приходите во Буџетот потфрлија од планот, а Владата сеуште говори дека „блескаме“.

Логично е што приватниот сектор сето ова го забележува и реагира со контракција во своите планови за инвестиции и ширење на производството, логично е што го намалуваат бројот на работници и што остават многу луѓе на улица и семејства без леб. Едноставно, кога сте соочени со корупција во огромни размери и политичка нестабилност која постојано се продлабочува, Вие како чесен претприемач ќе ги намалите вашите дејности во Македонија, ако не и целосно ќе го
преселите вашиот бизнис од Македонија.

Последиците од сето погоре споменато за Македонија се катастрофални. Луѓето се иселуваат во потрага по подобар живот и постабилна држава, корупцијата расте уште повеќе поради неказнивоста и немањето владеење на право, демографијата се влошува, бројот на нето нови компании се намалува па дури и почнува да оди во негатива (повеќе компании се затвораат), состојбата со работниците се влошува, високо квалитетните работници се отселуваат, платите на останатите работници се ниски додека платите нменаџерите се супер високи, квалитетот на образованието, здравството и општо за сите услуги опаѓа, а криминалот во државата си цвета.

Потребни се промени во власта.
Принципот е природно едноставен, кога нештото е валкано земаш и го чистиш, стои во нивниот пост на Фејсбук.