среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 23
home Економија

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ со сериозни забелешки во редовниот економски извештај на Светска Банка

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ со сериозни забелешки во редовниот економски извештај на Светска Банка

Сериозни забелешки во Редовниот економски извештај на Светска Банка

На 8-ми октомври Светска банка го презентираше есенскиот редовен економски извештај за земјите од западен Балкан. Во делот за Македонија се упатени сериозни забелешки за работењето на Владата и како тоа може да влијае врз економијата.

Имено, во еден дел од извештајот се вели дека иако Владата вложува напори за справување со неформалниот сектор односно економија, истите веројатно нема да бидат успешни. Причината за неуспешноста на мерките за сузбивање на сивата економија Светска банка ја гледа во слабата даночна администрација, неефикасноста на инспекциите, нискиот квалитет на јавните услуги и немањето слух за барањата за законски решенија на бизнис заедницата.

Светска банка, исто како и ВМРО – ДПМНЕ, е загрижена за намалување на продуктивноста на трудот во повеќе сектори со што се загрозува конкурентноста на економијата што може да доведе до отпуштања во трудово интензивните дејности.

Во делот на фискалната политика во фокусот на Светска банка е зголемувањето на придонесите и на даноците, но и слабата реализација на капиталните расходи.

P.S. Економскиот раст кој што го предвидува Светска банка за 2019 година е 3,1% наспроти најавата на Владата од 3,5%. Дополнително, на среден рок Светска Банка предвидува просечен 3.2% економски раст за наредните три години, да се потсетиме дека сдсм ветуваа просечен економски раст од минимум 5% и излажаа, напишаа од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.