среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Економија

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Ефектот од најавеното субвенционирање на придонесите врз просечната нето плата- ќе биде минимален

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Ефектот од најавеното субвенционирање на придонесите врз просечната нето плата- ќе биде минимален

Ефектот од најавеното субвенционирање на придонесите врз просечната нето плата – ќе биде минимален, велат од Комисијата за финансии на ВМРО- ДПМНЕ.

-Помпезно најавуваната мерка субвенционирање на придонеси со која требаше платите да стигнат до 500 евра, нема да го даде тој резултат. Ваквото тврдење не го соопштуваме само за да ја критикуваме власта, туку затоа што и математички пресметано е невозможно.

Имено, во моментов просечната нето плата во Македонија е нешто над 25.000 денари, а со мерката се обезбедуваат 200 милиони денари месечно и тоа се основните вредности врз основа на кои ќе ја правиме пресметката. Со 200 милиони денари може да се субвенционираат околу 80.000 лица на кои би им ја зголемиле нето платата за 6.000 денари, односно 10% од вкупниот број на вработени. (максималната субвенција по лица изнесува 2530 денари).

Ако 90% од вработените лица земаат просечна нето плата од 25.127 денари и 10% од вработените се субвенционирани за дел од придонесите и земаат плата 31.127 денари тогаш просечната месечна нето плата ќе изнесува 25.727 денари.

Одлуката на Владата да потроши 120 милиони евра за просечната месечна нето плата да изнесува 25.727 на крајот од мерката, односно октомври 2022 е целосно неоправдана. Дополнително загрижувачки е што Владата ги субвенционира придонесите затоа што имаме институционална неефикасност како што соопшти Министерката за финансии.

Овој проект најверојатно ќе заврши исто и како проектот за субвенционирање на минималната плата, односно комплетно промашен проект. Според нашите пресметки:
Субвенционирањето на придонесите ќе ја зголеми социјалната разлика во Република Македонија за 632 милиони денари. Тоа значи дека богатите ќе станат побогати за 632 милиони денари.
Оваа мерка ќе го поттикне црниот пазар на труд – на пр. враќање пари на газдите од страна на работниците.
Мерката нема да има ефект врз порастот на вработеноста, туку ефект врз продуктивноста.
Така, животниот стандард на граѓаните на Македонија нема да се подобри, туку напротив, стандардот ќе се влоши.

Кога ВМРО- ДПМНЕ ќе дојде на власт, парите на граѓаните ќе се трошат за капитални инвестиции, за нови патишта, канализации, институционална надградба… За постигнување на силен и одржлив економски раст, стои на нивната објава на Фејсбук.