недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Економија

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Со статистичка манипулација на податоците не се зголемуваат платите и животниот стандард на граѓаните!

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Со статистичка манипулација на податоците не се зголемуваат платите и животниот стандард на граѓаните!

Со статистичка манипулација на податоците не се зголемуваат платите и животниот стандард на граѓаните!
Заев продолжува да манипулира дека економијата блеска и дека платите и животниот стандард значително растат во услови кога реалноста е сосема поинаква, велат од Комисијата за економија на ВМРО- ДПМНЕ.

-Ајде да ги погледнеме фактите кои се егзакни податоци, а не политичка декларација. Во периодот 2006-2016 година кога Владата на РМ ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ 2006-2016 година, просечната нето-плата во земјата се зголемила од 13.718 денари во 2006 година на 22.342 денари во 2016 година или за цели 8.624 денари во целиот период, што значи дека платите растеле со просечна годишна стапка од 5.5%. Во периодот 2017-2019 година кога СДСМ е на власт, просечната нето-плата се зголемила од 22.927 денари во 2017 година на 24.760 денари во 2019 година, или за само 1.833 денари. Тоа значи дека нето-платата во овој период расте со просечна стапка од 3.5%.

Да не заборавиме дека во период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се случи голема светка економска криза која имаше негативно влијание врз сите економии во светот не исклучувајќи ја Република Македонија, наспроти поволните светски економски услови во последните две години кога СДСМ е на власт.

Дополнително, ако ги погледнеме тенденциите со платите во последната половина година ќе констатираме дека просечната плата наместо да расте, бележи тренд на намалување. Имено, нето-платата се намалила од 25.784 денари во декември 2018 година на 25.205 денари во јуни 2019 година, што значи пад за 2.3% или за 579 денари во последните 6 месеци.

Растот на платите и животниот стандард се остварува со многи работа и труд, а не со манипулации и гол популизам!

Имаме визија и развојна стратегија, имаме честити луѓе кои таа визија и стратегија ќе ги имплементираат со цел реално подобрување на животниот стандард на македонските граѓани.
Доаѓа #ОбноваЗаМакедонија.