петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Економија

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот не е само во грешката на прогресивниот данок, проблемот е целата економска политика на Заев

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот не е само во грешката на прогресивниот данок, проблемот е целата економска политика на Заев

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку свој статус на Фејсбук пишува дека грешката не била само со воведување на прогресивното оданочување, туку имало многу поголем проблем.

-ПРОБЛЕМОТ НЕ Е САМО ВО ГРЕШКАТА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ!
МНОГУ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е ШТО ЦЕЛАТА ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА НА ЗАЕВ Е ПОГРЕШНА И ПОСЛЕДИЦИТЕ ЌЕ ГИ ТРПАТ СИТЕ ГРАЃАНИ!

Ако овој човек беше доблесен како што се обидува да се претстави во јавноста ќе признаеше дека целата економска политика на оваа Влада е погрешна и многу одамна ќе си дадеше оставка заради неспособноста да ја развива успешно економијата.
Наместо тоа, овој човек воден единствено од лукративни цели за крадење на државни пари со цел лично богатење се обидува со популистички политики да прикаже дека работи во интерес на граѓаните, стои во нивниот пост на Фејсбук.