четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да можете да ги изманипулирате граѓаните на овие избори со ветувања за плата од 30.000 денари!

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да можете да ги изманипулирате граѓаните на овие избори со ветувања за плата од 30.000 денари!

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил вчера сподели статус во кои го прашуваат СДСМ зошто просечната нето-плата во 2019 година расте со 3.9% што е за 2 процентни поени пониска од стапкат на раст на платите во 2018 година?

-Ги прашуваме СДСМ, зошто просечната нето-плата во 2019 година расте со 3.9% што е за 2 процентни поени пониска од стапкат на раст на платите во 2018 година?
Ова уште повеќе ако се земе во предвид сознанието дека најголем број на работници го враќаат делот од поголемата минимална плата на своите газди и фактот што дел од зголемувањето на платите преку законот за субвенционирање на продонеси се средства што дел од граѓаните ги земале во плико што значи дека тие работници имаат само статистичко, а не ѝ реално зголемување на платите.
Дополнително, ги потцетуваме дека за разлика од овие две и пол години од нивното владеење кога платите растат со просечна стапка од 4.4% со целиот државен интервенционизам, просечната стапка на раст во првите две и пол години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ (пред воведувањето на концептот на бруто плата) изнесуваше 8.8% или два пати повеќе.
Сето ова е потврда дека сите козметички мерки на оваа неспособна влада не дадоа никакви ефекти за подобрување на стандардот на граѓаните и тоа е главната причина зошто се толку нервозни.

Наскоро ве очекува соочување со граѓаните! Нема да можете да ги изманипулирате на овие избори со ветувања за плата од 30.000 денари! Тие најдобро знаат како живеат и што вие (не)направивте за нив.
#ДоаѓаЕкономскаОбноваНаМакедонија, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Коронавирус