среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Економија

Колумна на Лидија Петкоска: Менаџери за криминал

Колумна на Лидија Петкоска: Менаџери за криминал

По завршувањето на надзорната расправа за случувањата со Еуростандард банката, лицата на владеачките структури би ги нарекла со едно заедничко име кое совршено ги опишува, а тоа е Менаџери за криминал!
Финансискиот криминал што се прави во времето на владеење на СДС може да послужи како сценарио за многу добри криминалистички филмови.

Секогаш има некој кој без трошка срам и страв од законот ќе ги собере „заслугите“ за милионските загуби и дополнителните уништувања на граѓаните.

Во оваа земја и птиците на гранка знаат за политиките на денешните власти – секогаш кога СДС управува со државата пропаѓаат банки и има изневерени штедачи, секогаш кога СДС раководи со буџетот има скандали и корупција поврзана со финансиско работење.

Решението на проблемите не треба да се бара кај оние што го создале, но кога државата молчи, а се случува скандал од 200 милиони евра и стотина илјади граѓани и компании се измамени, највисоките структури на власта мора да дадат одговори на сите прашањата на кои граѓаните заслужуваат одговор!

За јавноста ќе појаснам дека Согласно Законот за банки, член 139, Народната банка има можност да спроведе т.н. постапка на администрација преку која регулаторот ќе делегира лица кои ќе извршуваат одредени функции во банката со цел да се регулира работењето на Банката. Ова е можност која ја дава наведениот Законот за банки и членот 139 за банките со проблематични пласмани да бидат директно контролирани од НБРМ со цел да ја пребродат кризата.

Иако во банката, за жал, се исполнети сите услови за да се постапи согласно член 139 и тоа една година претходно, никој не превзема апсолутно ништо и нема кој да го стисне копчето за стартување на црвенит аларм! Кој и зошто затајува со превземање на дејствија и мерки кои би значеле најголема заштита на депонентите?
Сите знаеме дека соучесник во криминалот е и оној којшто знае, но нема да го спречи истиот!
Токму затоа одговорот на прашањето кој е главниот виновник сам се наметнува и тој гласи – оној кој има сокриени бизнис интереси зад пропаѓањето на банката. Да…и истиот тој на тие мотиви работел подолг период, а сè со цел да ја забрза пропаста на банката, НО не пред навреме да си ги извлече парите! Во него е одговорноста и тој точно знае кој тоа предвреме ги повлекол парите од банката и кои компании најчесто соработувале со оваа банка! Тој ги знае одговорите и веќе го призна тоа! Во него лежи најголемата одговорност за тоа што државниот апарат затаил.

Граѓаните имаат легитимно право да знаат:
– што правел надзорот во банката кој требало сомнителните активности да ги пресече во корен за да ја осигура стабилноста на целокупниот банкарски сектор и да ги заштити штедачите?
– дали е можно Народна банка да не видела дека кредитниот ризик на Еуростандард банка е ултра висок и дека огромен број на кредити се несоодветно покриени со гаранции или без никакви гаранции?
– како тоа никој, ама баш никој не видел дека 149 фирми кои зеле кредити од Еуростандард не платиле ниту една рата?
– колку пати имало создадени услови за воведување на постапка на администрација и зошто не е воведена?

После овие, но и многу други примери на уништување на Македонија и македонските граѓани по истата рецепта – со асистенција на сомнителните „управители“, „стручњаци“, „менаџери (за криминал)“, останува само да го почекаме денот кога сите тие и нивните покровители ќе завршат таму каде што им е местото!

Лидија Петкоска

Коронавирус